(се) дрзнат
Вид збор: Глагол, свршен
Покаже смелост, дрскост да направи нешто.
Примери:
Дрзна да заљуби туѓ човек.
заденат
Вид збор: Глагол, свршен
Задре, гибне некого.
Примери:
Тој сигурно пак ќе не задене како секогаш.
канат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
(се кани) Има желба, сака, се обидува да стори нешто.
Албански:
dëshiroj, kam dëshirë
Примери:
По кој знае кој пат таа се канеше да ѝ се довери на мајка си.
(се) одважат
Вид збор: Глагол, свршен
Собере храброст, покаже храброст, се охрабри.
Примери:
Тој еден ден се одважи и застана пред неговите врати.
(се) осилат
Вид збор: Глагол, свршен
Стане насилен, дрзок, претерано силен.
Примери:
Разбојниците многу се осилиле, напаѓаат и дење.
(се) осмелат
Вид збор: Глагол, свршен
Добие смелост да изврши нешто.
Примери:
Момчето се осмели да ја каже вистината.
посмеат
Вид збор: Глагол, свршен
Покаже смелост, се осмели да стори нешто.
Примери:
Да не си посмеал да не ја извршиш наредбата.
(се) смеат
Вид збор: Глагол, несвршен
Наоѓа во себе смелост за нешто.
Примери:
Не смееше да излезе.